
Магазинот „Лице в лице“ објави повик за награден конкурс за млади уметници и креативци.
„Бараме млади уметници и креативци што веруваат дека уметноста може да зборува гласно против корупцијата. Бараме визуелни дела што ја поврзуваат политичката моќ со одговорноста и покажуваат како недостигот на интегритет влијае врз секојдневието.
Нудиме простор твојата уметност да биде видена, да стане дел од јавна изложба и да стигне до поширока публика. Најдобрите три дела ќе бидат наградени со 200, 100 и 50 евра.

Темата е „Политички интегритет низ очите на младите“. Пријавувањето е отворено до 12.01.2026, а повикот е наменет за млади до 29 години“ се вели во повикот од магазинот.
Овој повик е изработен во рамките на проектот „Лице в лице со интегритетот – Мобилизирање на граѓаните и медиумите за политички интегритет во Македонија“, кој се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија и е подгрант на „Integrity Watch in the Western Balkans and Turkey: Civil society combating corruption with political integrity data“.

Македонски




