Skip to main content
HpZYEPgz7ZU

Корнелија Конеска: Лауреатот на ОСТЕН,  Микеланџело Пистолето годинава е номиниран за Нобелова награда за мир

фото: Република

Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, имаа своја завршница во Националната галерија на Република Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и сорботници на ОСТЕН.

Изложбата е и вовед во одбележувањето на 80 години од постоењето на Остен (1945 – 2025). Изложени се дела од визуелните уметности – уметност на хартија, сликарство, објекти, инсталации, фотографии, видео и мултимедијална уметност.

Остен Биеналето Скопје 2024 започна со објавување на меѓународниот отворен повик на кој се пријавија 273 уметници од 51 земја со 863 дела. Селекцијата на уметници ја изврши Корнелија Конеска, жирирањето беше спроведено од страна на Меѓународно жири во состав: Бруно Кора од Италија (претседател), и членовите д-р Пик Кеобандит од Белгија и Маја Колариќ од Србија.

Беа доделени традиционлано наградите од Интернационалното жири, од Советот на Остен. Наградите што ги доделува Советот на амбасадори на Остен ги понесоа Микеланџело Пистолето (1933-) ГРАН ПРИ за животно остварување и Вангел Наумовски – наградата Светско културно наследство

Пистолето е италијански уметник (сликар, уметнички акции, објекти) и теоретичар, еден од основачите и главен протагонист на Арте повера, радикално италијанско уметничко движење од минатиот век, чии уметници истражуваа низа неконвенционални процеси и примена на нетрадиционални „секојдневни“ материјали.

Конеска посочи дека во рамките на изложбата Пистолето е најважниот уметник, Италија е земја во фокус на Биеналето и пред една недела се објави дека тој е номинаран за Нобелова награда за мир за 2025 година.

Тој уште во крајот на деведесеттите години го објави својот манифест за обврската на уметниците не само да создаваат убави дела со еднострана порака, од уметникот кон општеството, туку, напротив треба активно да бидат вклучени во развојот на општеството. Една од последните негови изложби се вика „Превентивен мир“ и тој се залага за зачувување на мирот во светот, вели Конеска.

Вангел Наумовски се смета за еден од најголемите македонски ликовни уметници кого теоретичарите го вбројуваат во редот на самоуките надреалистички сликари, сосем пригодно да се оддаде почит на неговото творештво по повод 100-годишнината од неговото раѓање (1924 – 2006) и 100-годишнината од надреализмот (1924 – 2024), наведуваат организаторите.

Вангел Наумовски годинава ја доби наградата Светско културно наследство.

-Вангел Наумовски е еден од најважните македонски уметници кои што е сега присутен во целиот свет. 2024 година беше многу погодна токму тој да ја добие наградата за Светско културно наследство бидејќи во истата година се оджележаа 100 години од неговото раѓање, но и 100 години од појавувањето на Надреализмот како правец во уметноста, а токму тој е препознаен како надреалистичен самоук уметник, вели Конеска.


НАГРАДИ од МЕЃУНАРОДНО ЖИРИ
Три ПРВИ НАГРАДИ:
ПРВА НАГРАДА за цртеж, принт, мешана техника на хартија – Павол ТРУБЕН, Словачка
ПРВА НАГРАДА за сликање на платно, инсталација, предмети – К.С. ШРИВАТШАН, Индија
ПРВА НАГРАДА за фотографија, видео, мултимедија – Филип ЈОВЕСКИ, Македонија
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА од жирито – Сунгчан КИМ, Јужна Кореја
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА од жирито – Никола МАРКОВИЌ, Србија
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА од жирито – Мари ТЕРАУЧИ, Германија
СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ од жирито – Аница КИТАНОСКА, Италија
СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ од жирито – Бруно ПАВИЌ, Хрватска
СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ од жирито – Тодорис ТРАМПАС, Грција
НАГРАДИ од ОДБОР ОСТЕН
НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН – Стивен БАЛОГ, Унгарија / САД
НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН – Анка БОЕРИУ, Романија
НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН – Пантелис ЦАЦИС, Грција
НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН – Лиа ЛАПИТИ, Кипар
НАГРАДА ЗЛАТЕН ОСТЕН – Јана ЛУЛОВСКА, Македонија
Награда ОСТЕН – Татјана А.Н., Холандија
Награда ОСТЕН – Ѓон АНТОНИ, Хрватска
Награда ОСТЕН – Арлета ЧЕХИЧ, Босна и Херцеговина
Награда ОСТЕН – Филип ЛЕБЛАН, Белгија
Награда ОСТЕН – Џудит ШТУРМ, Германија / Шпанија
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за НАЈДОБРА ИНДИВИДУАЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА – Лисет СОЛОРЗАНО, Куба
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за НАЈДОБРА ГРУПСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА – BUFF Group, Грција
СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА за НАЦИОНАЛНА ПРЕТСТАВНИЦА – Италија.

Подготвија:

новинар: Невена Поповска

фото/видео; Александар Ивановски, ОСТЕН приватна архива

монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести