
Едночасовен концерт денеска на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе одржат Воениот оркестар на Армијата и воениот оркестар од Вермонт, САД. Концертот е дел од предвидените активности во пресрет на воената вежба „Immediate Response 25“ што од понеделник почнува во земјава.
На концертот ќе бидат изведени повеќе популарни џез нумери, македонски шлагери и фолк мелодии, со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат пораки за пријателство и мир.
Воените оркестри на двете сојузнички армии, како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почетокот на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти. Реализацијата на заедничките концерти со оркестрите од сојузничките НАТО армии дополнително ги зајакнува врските помеѓу сојузниците, како и цивилно-воената соработка, велат од Министерството за одбрана.