
Во Даут пашин амам вечер во 20 часот ќе биде одржан концерт на интернационалното дуо составено од Даниела Неделковска (флејта, Македонија) и Пинар Челик (пијано, Турција).
Концертната програма опфаќа дела од македонски и турски автори, нудејќи музичко доживување кое ги спојува традициите, културата и естетиката на Балканот и Анадолија. Настанот има за цел да ја потенцира блиската културна соработка помеѓу двете пријателски земји преку јазикот на музиката.
Настанот се одржува под покровителство на Турската амбасада во Скопје, а во организација на Институтот Јунус Емре.
Влезот за концертот е бесплатен.