
Вечерва, 16.07.2025г. (среда), во 20:30 часот во Сули ан ќе се одржи концерт „Фрида од Македонија“. Ќе настапи Аматерскиот женски хор „Фрида“ под диригентската палка на нивниот раководител Сузана Турунџиева.
Аматерски женски хор „ФРИДА“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот го сочинуваат околу хористки аматери, со големо хорско искуство. Нивниот ентузијазам, талент, креативност, посветеност и желба за групно музицирање е причина повеќе хорот да постави високи цели и предизвици кои за релативно кратко време од неговото формирање им обезбедија настапи на повеќе манифестации од јавен карактер.