
Во четврток, на 4 декември, во 13 часот во Музејот на македонската борба ќе биде отворена гостувачката изложба „Кој кого жени?“, објави Музејот на социјалните мрежи.
Изложбата „Кој кого жени?“ е дело на нашите соработници од Замокот Таркошчан од Хрватска, чиј тематски фокус е придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во нивните семејства. Нова изложба во нашиот музеј со која ги продлабочуваме културните врски со нашите хрватски пријатели, велат од Музејот на македонската борба.
Посетителите ќе можат да ја разгледаат изложбата во галерискиот простор на првиот кат на Музејот до 11 јануари.

Македонски






