Skip to main content

„Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети е книга за месец ноември во ГБСК: На 5 ноември разговор со авторката во Библиотеката „Браќа Миладиновци“

Збирката раскази на Хана Корнети е книга на месецот и дел од нашата голема кампања „Читаме современи македонски автори“, соопштија од ГБСК.

Одлепени, фантастични, хумористични, апсурдни и длабоко прецизни! Вака би можела да ги опишам десетте раскази од оваа збирка со наслов „Каде леташ, Јулија?“ на Хана Корнети. Со нејзиниот уникатен стил изграден преку колоквијален јазик, полн со хумор и длабинско проникнување, Хана нè става во друштво на неверојатни ликови низ незамисливи ситуации. Уште поневеројатно ни се чини што во ликовите од нејзините раскази како во огледало се гледаме самите или ги препознаваме луѓето околу нас – пишува Наташа Атанасова.

Разговорот со авторката е закажан за 5 ноември во 19 часот

„Каде леташ, Јулија?“ е издание на Книжарница Или Или, достапна во сите библиотеки на ГБСК 📚

Поврзани вести