Skip to main content

Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани

По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани.

Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и да се овозможат нови содржини за граѓаните.

Октомвриската програма ќе опфаќа три претстави:
• 25 октомври – 20:00 часот
Синиот портокал“ – Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес
• 27 октомври – 13:00 часот
Црвенкапа“ – Театар за деца и младинци од Скопје
• 29 октомври – 20:00 часот
Сите прекрасни нешта“ – Народен театар Штип

Настаните ќе се одржат во Национална установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани, а влезот е бесплатен.

Поврзани вести