
Изложбата „Рацете на традицијата“ од авторот Елизабета Марковска, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност на 1 декември понеделник, во 19 часот.
Во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот – с. Џепчиште, изложбата е посветена на традиционалните занаети, нивниот пат од минатото кон современоста, таму каде што наследството се претвора во дела. Преку изложените предмети и фотографии, посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните зад секој рачно изработен предмет, да ги запознаат мајсторите занаетчии и да почувствуваат како преку нивните раце традицијата добива нов живот.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста од 1 до 15 декември 2025.

Македонски








