Факултетот за ликовни уметности (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје) в понеделник (16 декември) ја отвора изложбата на студентите на Факултетот за ликовни уметности дела на хартија „Мал формат“. Оваа изложба се организира од 1990-те години, во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, дел од вонвременскиот објект и споменик на културата – Сули ан.
На изложбата ќе бидат претставени дела на студентите од прв и втор циклус на ФЛУ, изработени во мал формат во традиционални и експериментални техники. Целта на оваа изложба е да ги афирмира изразните можности на малиот формат во современата ликовна практика.
На изложбата со свои дела учествуваат студентите од сите катедри на Факултетот за ликовни уметности, Скопје.
Во организација на настанот и оваа година ќе даде свој придонес Институтот Данте Алигиери од Скопје.
Изложбата е од продажен карактер и ќе трае до 30.12.2024 година.
Работно време на галеријата: понеделник – петок (9 – 17 часот)