Skip to main content

Изложба на ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО 9, Архитектонски факултет, УКИМ во КСП Центар Јадро

КОНГРЕСНА И САЕМСКА ДВОРАНА – CONGREXPO
Изложба на ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО 9, Архитектонски факултет, УКИМ

19 март (четврток) I 18:30 часот 
Изложбата може да се посети од 19 до 25 март, секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот

ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО 9, 9ти СЕМЕСТАР 2025/2026 година.
Катедра за Проектирање Општествени згради, Архитектонски факултет, УКИМ, Скопје
Тема: КОНГРЕСНА И САЕМСКА ДВОРАНА – CONGREXPO Локација: Скопје
Педагошки тим: Професор д-р Михајло Зиноски, раководител, Арх. Спец. Александра Марсениќ Крајчески диа, соработник од пракса, М.арх. Јована Нецева, демонстратор.
Темата на архитектонското студио во 9 семестар под наслов КОНГРЕСНА И САЕМСКА ДВОРАНА – CONGREXPO има за цел да воспостави дијалог со јавноста за потребата на нов архитектонски и современ програмски комплекс на Конгресна и саемска дворана во градот Скопје. Објектот на  скопскиот саем, 1970-1972 дело на авторите Славко Ѓуриќ и Благоја Мицевски, без било каква најава беше срушена во 2020 г. во пост транзицискиот период.  
Според магнитудата (величината ) на своите димензии детерминирана преку структуралниот израз на конструкцијата и формата  градбите од овој вид делуваат импресивно во контекстот каде се наоѓаат и претставуваат основен белег на метрополата на една држава.  
Градбите од овој вид се единствени од причина што во нив се одвиваат настани кои ги манифестираат научните, технолошки и индустриски  достигнувања во светски размери а се презентираат пред широката публика.  
Користејќи ја можноста на академската слобода наспроти строгите и ограничувачки услови на реалноста која влијае врз професијата, студентите изработија 10 авторски проектни решенија низ кои покрај нивната креативност совладуваа низа проектански проблеми од предметната област на јавни објекти за масовна посетеност.

Автор на текстот Професор д-р Михајло Зиноски

Поврзани вести