Skip to main content

Излезе од печат собраната поезија од Игор Исаковски насловена „Совршен поет“ во издание на „Или-или“

Со неизмерно задоволство Ве информираме дека денеска од печат излезе собраната поезија од Игор Исаковски насловена „Совршен поет“, велат од „Или-или“.

На едно место, на преку седумстотини страници, успеавме да ги реобјавиме сите стихозбирки на поетот, вклучувајќи и бонус материјал, поезија која остави неизбришлива трага во современата македонска книжевност.

Како што веќе и претходно Ве информиравме, промоцијата на книгата ќе се случи на неговиот роденден, на 19 септември, во кафе-книжарницата „Буква“.

Поврзани вести