Skip to main content

Филозофскиот факултет во Скопје прославува 105 години години од постоењето

Денеска во големата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи свечена академија по повод 105-годишнината од постоењето на Филозофскиот факултет.

На настанот ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, како и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески.

Свечената академија ќе биде посветена на чествувањето на големата традиција и значењето на Филозофскиот факултет, кој претставува првата единица на македонскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и симбол на институционализацијата на високото образование во Македонија пред 105 години.