Skip to main content

Фестивалот „Денови на македонска музика“ се одложува за септември

СОКОМ

48-мото издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, првично планирано од 17 март до 24 април 2025 година, се одложува за месец септември оваа година, соопштија од СОКОМ.

Од планираната програма, единствено концертот на Филхармонија КОНЦЕРТ ВО РАМКИТЕ НА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА останува на оригиналниот датум (3 април 2025 година), поради неговото значење во одбележувањето на значајни авторски јубилеи, како и поради неможноста да се обезбеди друг соодветен термин.

Одлуката за одложување на фестивалот е донесена во знак на солидарност и почит кон жртвите и нивните семејства, како и поради организациски предизвици: ограничената достапност на салите, тешкотиите при усогласување на ангажманите на странските солисти и професионалните обврски на членовите на ансамблите, се вели во објавата на Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ.

Поврзани вести