Skip to main content

Две награди за „Црно семе“ на Битолскиот театар на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

На годинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, НУ Народен театар Битола со претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски е добитник на две награди и тоа:
-Награда за современа сценска драматизација и адаптација која беше доделена на Јелена Цветановска и 

-Награда за главна машка улога која беше доделена на Мартин Мирчевски за улогата на „Доне Совичанов“.

фото: Битолски театар

Се гордеам што претставата посветена на македонската кауза “Црно семе” освои две значајни награди на Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински”. Честитам на сите колеги кои добија награда на фестивалот и посакувам уште многу успеси. Време е македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” повторно да биде македонски со големо “М”. Продолжуваме посветено да работиме на промоција на македонската драматургија, со македонски уметници овие награди се само поттик да продолжиме по зацртаниот пат. Благодарност до целата екипа на претставата “Црно семе” и целиот колектив на Битолскиот народен театар кои со својата посветеност кон претставата придонесоа да создадеме спектакал кој не се заборава“, изјави директорот на Битолски театар, Васко Мавровски.

Покрај нив битолскиот сценограф Валентин Светозарев, ја доби наградата за најдобра сценографија за претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, Велес.

фото: Битолски театар

Мојата професија е архитект. Може никогаш не направив куќа со високи шимшир порти, ама по некоја сценографија направив, рече Светозарев.

Во чест на наградите, Театар Комедија ја изведе претставата „Вистината 2“ во режија на Владимир Јурц. Покровители на 59. издание на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп.

Поврзани вести