Skip to main content

Државната награда „11 Октомври“ за Ајдини-Јегени, Димовска – Полизова, Јанковски и професорите Димитров и Јовановски

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес денеска ги соопшти добитниците.

За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на актерката Теаута Ајдини -Јегени, хорската диригентка, професорката Летка Димовска – Полизова и на Иво Јанковски, продуцент – промотор на македонската уметност.

Наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието им се доделува на проф. д-р Константин Димитров и академик Глигор Јовановски.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија.

Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври“ е проф. д-р Светозар Антовиќ.

Поврзани вести