Skip to main content

Друштвото на писателите на Македонија ќе одржи годишно Собрание

Фејсбук профил на ДПМ

По речиси цела година активно работење, утре, 17 мај, Друштвото на писателите на Македонија ќе го одржи своето редовно годишно Собрание за 2025 година.

На Собранието предвидено е усвојување на Записникот од изборното Собрание од 1.6.2024 г., но исто така и усвојување на Наративниот и Финансискиот извештај за 2024 г., усвојување планови и програми за работа за 2025 година, како и уредување на некои од актите според кои работи Друштвото.

Добро е тоа што оваа година, активните членови можат да учествуваат на Собранието и преку Zoom врска, без да мора да бидат физички присутни во просториите на Друштвото.

Раководството на Друштвото на писателите на Македонија сака да им се заблагодари на сите свои членови за соработката, но исто така и (пред сè) на Министерството за култура и туризам за поддршката, на новинарите за медиумското покривање за активностите во Друштвото, но и на донаторите и на сите други чинители што на свој начин придонесуваат Друштвото на писателите да биде светла зона во нашата културна средина.

Поврзани вести