Skip to main content

Драмски театар вечерва со „Хеда Габлер“ гостува на Фестивалот РУТА во Тиват

Драмски театар / Сцена од „Хеда Габлер“

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во Тиват, Црна Гора, каде вечерва во 20 часот во Центарот за култура Тиват ќе настапат во рамките на црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на костимографката Розе Трајчевска – Ристоска.

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април 2024. Гостувањето во Тиват ќе биде 12 изведба на претставата и второ гостување вон матичната сцена. Драмски театар со оваа претстава гостуваше на РУТА во Сараево во мај 2024 година и на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во јуни 2024г.

Улогите ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Хеда Габлер Тесман – Сања Арсовска, Судијата Брак – Зоран Љутков, Јерген Тесман – Владимир Петровиќ, Ејлерт Левборг – Дениз Абдула и ликот на Теа Тесман го игра актерката Сара Климоска.

Претставата е на редовен репертоар во Драмски и наредната изведба ќе биде на 24 април.

Поврзани вести