Skip to main content

„Дон Кихот“ денеска на сцената на Опера и балет: Волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена и вистинската љубов

На 24 декември со почеток во 20.00 часот на големата сцена на Националната опера и балет ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставите e гостинот од Ерменија,  Едуард Амбарцумјан, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува  Гана Ипатиева од Украина., концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во улогите на Китри и Базил ќе настапат: Наташа Трендафилова Гицев и Виктор Ишчук (Украина)   Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет заедно со деца од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

„Дон Кихот“ е волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена и вистинската љубов. Балетското дело е поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатото „Дон Кихот Па де де“, кој дава акцент на целата претстава.

Kомпозиторот и виолинист  Лудвиг Минкус (1826-1917) напишал неколку популарни балети, а речиси сите од нив, а особено балетот „Дон Кихот“ и денес се изведувани низ целиот свет. „Дон Кихот“ е балет  базиран на познатиот истоимен роман од Мигел де Сервантес.

Поврзани вести