Skip to main content

Доделена државната награда „23 Октомври“ на Тодоровски, Кујунџиски, Ташковски и Павловски

Фејсбук профил на Зоран Љутков / Актерот Гоце Тодоровски, еден од добитниците на државната награда „23 Октомври“ со министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Во Кристалната сала на Собранието на Македонија, се одржа свеченоста по повод доделувањето на државната награда „23 Октомври“ – признание со кое се оддава почит на поединци што со своето творештво и дело дале исклучителен придонес во развојот на македонската наука, култура, образование и во заштитата и унапредувањето на државните интереси и вредности.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска информираше дека оваа година, државната награда „23 Октомври“ за остварувања во областа на културата и уметноста им се додели на Гоце Тодоровски, актер; Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни; Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар и акад. Божин Павловски, писател.

Со ова признание ја изразуваме нашата благодарност и почит кон нивното долгогодишно творештво, кое ја збогатува македонската културна ризница и ја зајакнува свеста за нашето културно и историско наследство. Честитки на добитниците“, истакна Љутков.

Поврзани вести