
Стихозбирката „Додека спиеш“ на Биљана Стојановска е книга за месец мај во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје со која се заокружува третиот циклуд од кампањата „Читаме современи македонски автори“.
Книгата, во издание на „Чудна шума“ беше промовирана во мај минатата година, а за стиховите во неа, авторката во едно интервју ќе рече:
Песните се пишувани неколку години. Иако, авторот ја има слободата и правото да си игра со „приказната“ што ја крои. Не значи дека песните подлежат на хронологија. Многу напишани песни не влегоа во збиркава. Многу и никогаш нема да влезат во ниедна збирка. И тоа е добро. Мозокот мора да размислува уреднички, да прави концепт и да селектира – вели поетесата Биљана Стојановска
Книгата на месецот традиционално ќе биде претставена и преку разговор со авторот закажан за 6 мај.