
Вечерва (четврток), 20.02.2025, во 19 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи дискусија помеѓу ликовениот уметник Никола Узуновски и директорката на Гете-институт Катрин Оствалд-Рихтер.
Дискусијата е дел од програмата „Ајде да зборуваме: Урбаните подрачја, руралните подрачја и културата“, организирана од Гете-институт и Музејот на современата уметност – Скопје.