Skip to main content

Цветанка Созовска во Берово одржа концерт на барокна музика со соло клавирчембало

МИА

Во организација на Општина Берово со поддршка од Министерството за култура, синоќа се одржа концерт на барокна музика со соло клавирчембало, во изведба на Цветанка Созовска. 

Во рамки на концертот беа изведени композиции од Јохан Себастијан Бах, Бруненмулер, Форкере, како и македонскиот реномиран композитор Томислав Зографски.

Конечно, особена чест и задоволство ми е вметнувањето во програмата на Свитата за пијано оп.27 од нашиот реномиран композитор и професор Томислав Зографски, која веруваме дека денес ја доживува својата праизведба на чембало, истакна Созовска пред преполната сала во Бизнис Инкубаторот во Берово.

Созовска моментално живее и работи во Хаг, Холандија како изведувач, професор по пијано и чембало и хорски диригент. Таа е корепетитор на Катедрата за рана музика на Конзерваториумот во Утрехт од 2006 до 2016 година. Предава чембало во музичкото училиште во Утрехт ДУМС, и во истото е и координатор на програмата за млади таленти «Трајектум”.