Skip to main content

Центарот за култура „Марко Цепенков“ вторпат ја реализира „Работилница за мозаик“ за млади

Од 17-ти до 19 -ти јуни 2026 година Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по втор пат ќе ја реализира „Работилница за мозаик“ за млади. На работилницата ќе учествуваат 15 талентирани ученици од општинските училишта. Проектот „Работилница за мозаик“, Центарот за култура го реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Како искуство и позитивен исход од првата релизирана работилница во 2025 година решивме да го продолжиме проектот по втор пат, и со тоа да ја поттикнеме мотивацијата, креацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество на учениците беше голем, и се одлучивме на работилницата да учествуваат 15 млади. Практично младите ќе научат како се создава мозаик. Предавач повторно е м-р Александра Димитрова – вели Марјан Стојаноски, координатор на проектот.