
Четворица автори на „Македоника литера“ номинирани за најголемата меѓународна награда за книжевност за деца – „Астрид Линдгрен“ (АЛМА) за 2027 г.:
– КИРО ДОНЕВ, Македонија (од кого „Македоника литера“ има објавено 16 книги),
– САЊА ПИЛИЌ, Хрватска. номинирана по вторпат, а двапати беше номинирана и за „Ханс Kристијан Андерсен“ (објавивме две нејзини книги – „Баш сум хепи!“ и „За мајките се` најдобро“),
– ХУАНГ БЕИЃИА, Кина (една книга – „Бадниковата вечер“) и
– МАРИЈА ПАР, Норвешка („Тоње Глимердал“, а наскоро уште една книга и трилогија).
Овие номинации се потврда дека каталогот на „Македоника литера“ содржи репрезентативни дела од домашната и од светската литература за деца.

Македонски




