
Скопје синоќа (7 ноември) беше во знакот на квалитетната музика, со концертот на светската музичка ѕвезда Емели Санде и македонските изведувачи Дупер и Мијата, кои настапија во арената „Борис Трајковски“, во рамките на фестивалот „Скрим“.


Триесет и деветгодишната шкотска пејачка и авторка, која за првпат настапи во Скопје, секоја песна ја најавуваше со кратка порака, не пропуштајќи да ѝ се заблагодари на публиката за топлиот прием и гостопримството.

Кантавторката Мијата, придружувана од својот бенд, со силниот вокал го отвори концертот и ја загреа публиката, а музичката вечер заврши со дуото „Дупер“.


Македонски




