Skip to main content

„Чекори што не згаснуваат“-Концерт на „Танец“ во чест на Симеон Чулев

Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл; тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија’! зад сцената. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише, велат од „Танец“.

Ве покануваме на една незаборавна вечер посветена на ликот и делото на прераното заминување на Симеон Чулев. Под насловот „Чекори што не згаснуваат“, овој настан ќе не поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности кои тој ги остави зад себе.

Датум: 27 февруари 2026 година (петок)

Час: 19:30 часот

Локација: Македонски народен театар ( МНТ )

Информации за продажба на билети:

Билетара на МНТ: Секој работен ден и пред почетокот на настанот.

Онлајн продажба: Преку официјалниот систем на влезници на МНТ      ( mnt.mk )

„Уметноста не познава време, а трагите кои се длабоки-никогаш не згаснуваат“

Ве очекуваме!