
Брз е векот“ – одбележување четири јубилеи за четворица автори, некогашни членови на ДПМ, кои живееле и твореле во изминативе стотина години:
– Ката Мисиркова-Руменова (95 години од раѓањето)
– Живко Чинго (90 години од раѓањето)
– Ташко Георгиевски (90 години од раѓањето)
– Тодор Чаловски (80 години од раѓањето)
Одбележувањето на јубилеите ќе се одржи на 5 јуни 2025 г., во Друштвото на писателите на Македонија, со почеток во 12:00 часот, а на животот и делото на овие автори ќе нè потсетат, и извадоци од нивни дела ќе прочитаат писателите: Славе Ѓорѓо Димоски, Гоце Ристовски, Љубинка Донева и Марина Мијаковска.
Одбележувањето на јубилеите ќе биде отворено и затворено со настап на Марија Ристовска и Вегим Кучи, студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Се надеваме дека и Вие ќе присуствувате на овој културен настан и соодветно ќе ја информирате јавноста.