Skip to main content

Блескав пијано концерт на Гацева и Џорлева во Белград

Синоќа во преполна сала на Културниот центар на  Белград, во срцето на градот, на Кнез Михајлова улица, блеснаа со својата интерпретација нашите две реномирани пијанистки Ана Гацева и Татјана Џорлева.

Во едночасовната програма за четирирачно пијано, професорките Гацева и Џорлева одржаа вистински час за висока професионалност и исклучително сугестивна интерпретација на дела од Ерик Сати, Едвард Григ и Антонин Дворжак, а долги аплаузи измамија со интерпретацијата на дело од македонскиот композитор Дамјан Темков, за што беа вратени на бис. 

Концертот го отвори директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, а истиот е реализиран во партнерска соработка помеѓу нашиот КИЦ  и Културниот центар на град Белград.

Проектот за гостување на проф. Ана Гацева и проф. Татјана Џорлева во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам. 

Поврзани вести