Skip to main content

Балканска средба на писатели

Фрипик

Во Културниот центар „Феникс“ денеска ќе се одржи поетска средба со српските писатели Видак Масловариќ и Мајо Даниловиќ. Масловариќ е потпретседател на Здружението на писателите на Србија, а Даниловиќ е координатор за словенските земји на Светската академија за поезија под патронат на УНЕСКО со седиште во Верона (Италија).

Поетите Масловариќ и Даниловиќ се годинашни добитници на наградите Златен прстен и Орфеј. Тие ќе се претстават со своја поезија и ќе се води разговор со нив, а вечерта е замислена и како Балканска средба на писатели на која ќе настапат и повеќе македонски поети.