Skip to main content

Балетот при Национлната опера и балет гостува во Турција со „Патување“

Национална опера и балет, фејсбук профил

Mакедонскиот национален балет ќе настапи на 39. Интернационален музички фестивал во Анкара, Турција на 7 април годинава.

На фестивалот ќе се претставиме со современиот балет „Патување“ кој ќе биде премиерно изведен. Кореограф е Џан Арслан од Турција, музиката е на Езио Босо, асистент-кореограф е Саша Евтимова , а костимографка е Марија Пупучевска, велат од Македонскиот балет при Националната опера и балет.

Настапуваат: Саша Евтимова, Наташа Трендафилова Гицев, Симона Колиштркоска, Илијана Данилов, Ева Перковска, Франциско Хименез Руиз, Балаж Лочеи, Валери Љубенко, Ендру Кук, Веселин Трајковски.

Организатор на овој проект е Киро Павлов, менаџер на балетот и операта и Џан Арслан, кореограф од Турција.

Поврзани вести