Skip to main content

Археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија

Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија.

Наодите од овој локалитет минатата година го привлекоа вниманието на јавноста со епохалното откритие на архајска некропола. Меѓу највпечатливите, како што информира Археолошкиот музеј, се: бронзен шлем со златни апликации, златен прстен, пекторал и фолии, килибарни мониста, сребрен кантарос и бронзени садови (каулдрон, поданиптер, оинохое), теракотни фигурини…

– Овие артефакти не само што ја потврдуваат датираноста на некрополата во архајскиот период, туку и ја поврзуваат со богатата култура на Требенишката некропола. По завршувањето на конзервацијата, наодите ќе бидат јавно презентирани во Археолошкиот музеј во Скопје, стои во информацијата.

Проектот се реализира во соработка меѓу Археолошкиот музеј и Заводот за заштита на културното наследство и музеј од Охрид, што, како што соопшти Археолошкиот музеј, уште еднаш ја потврдува важноста на меѓуинституционалната соработка во заштитата на културното наследство.

Поврзани вести