Skip to main content

26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола: Осум монодрами од исто толку држави во Европа и две македонски монодрами од 17-23 мај

Осум монодрами од исто толку држави во Европа и две македонски монодрами се селектирани за 26 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

Фестивалот свечено ќе биде отворен в сабота со претставата „Д (Како Дездемона )“ во режија и кореографија на Рисима Рисимкин, а до 23 мај на повеќе сцени ќе настапат актерки и актери што ќе конкурираат за наградата Гран при и други фестивалски признанија.

Фестивалот годинава има поголема понуда од побарувачка, односно можностите на фестивалот се ограничени пред се од временски аспект. На располагање имав и видов околу 50 претстави од кои може да се заклучи каде оди монодрамата денес. Има новосоздадени монодрами, документарен тип на монодрами и специјално подготвени монодрами за битолскиот фестивал. Ние ги поддржуваме македонските изведувачи и годинава ќе има две домашни монодрами. Верувам дека овој фестивал ќе придонесе и за остварување на нови контакти меѓу нашата и другите држави каде се негува монодрамата, истакна Благој Мицевски, селектор на фестивалот.

Новото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2025“ годинава се одржува под мотото „Еден збор, еден свет“, затоа што како што рекоа од НУ Центар за култура, домаќини и организатори, Битола деновиве ќе биде центар на светот на монодрамата.