Skip to main content

Зошто обвинителството не го бара пиштолот на Боре Видески?

На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски прашаа зошто за време на истрагата Обвинителството не го бараше пиштолот на Боре Видески кој го поседувал со дозвола и со кој можеби е извршено убиството на велешанецот.

Адвокатот Јовица Страшевски потсетува дека кога некој се терети за убиство невозможно е да не побарате од какво оружје може да биде испукано и за кој калибар станува збор. Не се знае ни дали е од легално оружје или од црниот пазар.

Затоа ние бараме да дојде вештак и да утврдиме дали тоа лице има направено балистика и дали има Днк анализа на самата чаура. Обвинителството треба да каже зошто не го барало пиштолот. Ние како одбрана треба да бараме да се вештачи чаурата, прашува Страшевски.

Бранителот на Палевски, Марјан Витанов предложи како доказ да се достави чаурата пронајдена на местото каде што е пронајдено телото на Панче Жежовски.

Судијата Стефановски дополнитeлно ќе одлучи дали вештото лице Јасминка Трајковска од оддел за форензика да биде повикана пред Судот.

Поврзани вести