
Нема доказ за имотна корист кој би ја прибавил Видевски за грабнувањата. Неговиот грев е само што ги познавал обвинетите преку партијата Десна, убеден е неговиот бранител Бојан Манев, кој на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги изнесува завршните зборови за својот клиент.
Тој за неговиот штитеник побара ослободителна пресуда, зошто, според него, Обвинителството со ништо не го докажало делото и дека Видевски е само „жртва на овој ситем“, смета Манев”.
Зошто нема негова трага на телото на девојчето? Зошто никој во зградата не слушнал крик од Вања. На лентата на Вања има ДНК само од Манев, тогаш каде е вината на Видевски? Како тоа никој да не го видел грабнувањето а згора на тоа во тие денови Скопје беше еден од најобезбедуваните градови поради Самитот на ОБСЕ, рече тој.
Адвокатот го нарекува овој случај „монтировка“.
Зошто никаде на снимките го нема Видевски?, праша неговиот адвокат.
Адвокатот Манев го праша судот и зошто нема траги на перницата која Љупчо Палевски, според тведењето на Велибор Манев е користена при убисвото на Вања Ѓорчевска. По убиството, перницата Палевски ја фрлил во „цитроенот“ и таа изгорела.
Ниту трага една крв не гори целосно туку останува, вели адвокатот.