Skip to main content

Жена со автомобил баран од Интерпол фатена доцна ноќва на Табановце

Денеска во 03.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.О.(37) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено.

Таа била задржана во Полициската станица Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести