Skip to main content

Запален домот на Пандов: Ова е цената за удирањето по мафијата, но никој не е над законот

Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, истакна Александар Пандов, директорот на Управата за извршување санкции, откако денес бил запален неговиот дом.

Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре – напротив, само не зајакнува
. Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, посочи Пандов.

Поврзани вести