Skip to main content

Загина жена во сообраќајна несреќа кај Македонски Брод, повредени тројца, меѓу нив и шестгодишно дете

Архива

Во несреќа што се случи вчера попладне на локален пат за село Русјаци, општина Македонски Брод, животот го загуби 41-годишната К.С.С. од Кичево. Автомобилот „џитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг, исто така од Кичево, излетал од коловозот и се превртел.

Од здобиените повреди на местото на несреќата жената починала, а лекар констатирал смрт. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Сопатниците, С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница Прилеп каде им е укажана медицинска помош.

Несреќата се случи на кривина со тесен коловоз, возилото излетало од патот и се превртело. Сопатниците се стабилни и примаат терапија – изјавија од СВР Битола, каде што извршиле увид на местото на несреќата.

Поврзани вести