Skip to main content

Загина маж во судир на патот Делчево-Штип

MИА архива

Вчера во 07.06 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосница „Компосара“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а управувано од Б.С.(63) од с.Јакимово, виничко и мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(72) од нас.Оризари, кочанско.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот на мопедот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Поврзани вести