
На 10.10.2025 во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од с.Волковија, гостиварско, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар дека при контрола во казиното констатирала дека во касата фали промет од 816.297 денари и дека вработената М.П.Ј. си префрлила електронски кредит и ги потрошила парите со кои играла на апаратите.
Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.