Skip to main content

Возило удри малолетник, потоа се забил во паркиран автомобил – има повредени

На 5 август 2025 година во 13:10 часот во Гевгелија, на улицата „Моински Пат“, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С., удрило во 11-годишен пешак од Гевгелија. По ударот, возилото се забило и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Извршен е увид од страна на увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Поврзани вести