На 24.01.2025 во 13.43 часот во Полициската станица Чаир, од основно училиште на подрачјето на Чаир било пријавено дека во училиштето, со пиштол на дијаболи, кој го носел нивен ученик, била повредена малолетна ученичка. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во периодот од 09.00 до 09.30 часот во училница, еден ученик го извадил пиштолот, кој му бил одземен од друг ученик, кој пак испукал една дијабола и повредил ученичка, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Пиштолот бил одземен од вработените, а увид извршила екипа од ЕВР Чаир. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.