Skip to main content

Во сообраќајка во Будва загина 73-годишна македонска државјанка

О.П.(73), државјанка на Македонија загина доцна во петокот во сообраќајна несреќа што се случи во црногорскиот град Будва.

Несреќата се случила на Јадранскиот пат, а жртвата бил пешак, информираат од Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) на Полициската управа.

Во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција, на стотина метри од главните семафори.

Како што соопштија од полицијата, сообраќајката се случила околу 45 минути по полноќ кога во неа удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват.

Сообраќајот бил во прекин и пренасочен кон околните сообраќајници.

По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата е испратено на обдукција, додека возачот е уапсен.

Поврзани вести