Во нова рација, како дел од акцијата за разбивање на наркокартелот од Арачиново, рано утрово во околината на скопското село полицијата пронашла оружје скриено во еден објект. Станува збор за автоматско оружје, пушки и пиштоли
Се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци.
Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.
Во акцијата на МВР која почна во неделата уапсени се 7 лица, членови на криминалните групи во Дуќанџик и Арачиново, а пронајдени се пари и оружје. Претресени се 24 лица на 30 локации, 28 во Скопје и две во Велес.
Со акцијата се расветлуваат неколку познати во јавноста убиства.