Skip to main content

Во „цитроенот“ имало три лица, едно од нив постојано мрда лево-десно

Обвинтелството на рочиштето презентираше видео снинка од менувачница која се наоѓа на улицата „Наум Наумовски Борче“ од 27 ноември 2023 година.

Во 7 и 30 часот од снимката од менувачница се гледа „цитроенот“ со кое е грабната Вања. Возилото од улицата заминува кон булеварот „Партизанска“.

Во други снимки, обезбедени од „Сејф сити“ се следело движењето на „цитроенот“ се гледа дека возилото во 7 и 33 од „Партизснска“ врти кон улицата „Рузвелтова“. Оттаму, ја сече улицата „Орце Николов“ и се движи кон „Илинденска“. На следната снимка, во 7 часот и 37 минути „цитроенот“ е забележан кај „МИДА“ како поминува на улицата која води кон Момин Поток.

На оваа снимка се гледаат две лица напред и едно позади кое постојано на седиштето се мрда лево-десно.

Поврзани вести