Skip to main content

Видевски не се „куцнал“ на работа во Велес на денот кога е убиена Вања

Сведочњето на обвинетиот Боре Видевски продолжи со испитување од страна на обвинителката Жаклина Јосифовска. Таа го запраша зошто криел дека го тепале.

Од страв, кратко одговори Видевски.

Физичкото малтрерирање беше со цел да запамтав се што кажам и се што не треба да кажам, додаде обвинетиот.

Таа го праша дали е каратист и тренер на што обвинетиот одговори.

И каратистите се луѓе со семејство и некогаш потклекнуват.

Обвинителката го праша и дали се “куцаат” на работа.

Бев нов, префрлен од магацин во комерција. Затоа не сум регистриран. Тоа не значи дека не сум бил на работа.

Но не беше сигурен дека некој негов колега може да потврди дека тој ден бил на работа.

За снимката од камерите на Манев на кои наводно е тој, Видевски рече дека бил дома на слава но оти немал гости туку само домашните. Негира дека бил пред куќата ниту на 21, ниту на 22 и 23 ноември.

Никој не им рекол на домашните дека не сакаат да сведочат, се изјасни Видевски.

Зошто во недела вечер доаѓа во Скопје а другиот ден е работа?

Не водам евиденција, но и друг пат сум доаѓал доцна, одговори Видевски зошто на 27 утрото бил во седиштето на партијата.

Обвинителката го праша дали се дружеле со Палчо и оти бил фатен со него кај Демир Капија и дали ладното време не му смета на бубрегот.

Бубрегот не знае кој ден е. Тренирав вештина која има и терапеутски дел и во тој случај не ми смета, одговори обвинетиот.

За таткото на Вања

Полицаецот инсистираше додека ме удираше да кажам за таткото на девојчето. За името првпат ме праша обвинителката кога го давав исказот.

Тој е упорен дека нема врска со двете убиство иако нема никави докази или алиби.

Тој беше прашан дали на 26-ти вечерта дошол во Скопје за Палевски да им каже дека од таткото на девојчето добил информација дека кобното утро девојчето само ќе оди на училиште.

Не е точно, таткото на девојчето го немам видено, освен овде во судот.

За пиштолот

Пред 30 години купени се пиштол и пушка. Пиштолот не знам каде е, преместен е одамна. Но, тоа не зналчи дека сум направил нешто лошо или дека друг направил нешто лошо, се изјасни Видевски.

Поврзани вести