
Вања беше врзана во моментот кога јас ја видов убиена, се присети обвинетиот Велибор Манев на денешниот исказ.
Кога ја откопчавме Вања за Љупчо да слика и праќа слики видовме дека е друга личност. Ја извадивме лентата и тогаш видовме. Палевски ги запишуваше броевите на родителите откако Вања им ги кажа. Никој од нас немаше телефон освен Палевски, рече Манев.
Тој детално ги објасни двете убиства а за велешанецот Панче Жежовски кој беше пронајден во земуница рече дека тегот се уште веројатно стои во дупката а синџирот му е се уште дома.
Адвокарот Владимир Туфегџиќ го праша Манев кога донеле одлука да се грабне лицето од таа зграда.
Десет дена пред грабнувањето Палчо ни рече дека најверојатно ќе биде Страшо од Гранит или жената што ја споменав претходно од околу 40 години. Палчо рече дека ќе ја набљудува жената и нејзините навики. Ни ја покажа и сликата од жената но од друг телефон кој не беше контакт со нашите телефони, објасни Манев.
Како изгледала личноста од фотографијата
Манев рече виделе слика жена како изглегува од влезот на зградата и како се движи. Добро ја паметам, вели обвинетиот.
Личноста од фотографијата многу наликуваше на детето по висина, боја на коса. Воопшто не личеше на дете таа што ја грабнавме. Бевме сигурни дека е таа и по времето на излегување, убеден е Манев.
Не сум слушнал, Палчо да разговара со Александар
Таткото Александар првпат го видов на слика во полициската станица. Кажав и дека бил тепан за да, кажам дека сум видел како Палевски разговара со Сашко. Во обинителството бев истрауматизиран од тепањето во затворот. Дојде и на мене редот за тепање. Слушав како другите ги тепаат. Лично не сум слушнал дека Палевски телефонски разговара со Александар, рече тој.
Манев додаде дека Палевски одлучувал кој ќе биде грабнат бидејќи тој добро ги знаел луѓето од таа зграда.