
Четири групни тепачки беа пријавени вчера во Скопје, сите во различни делови од градот.
Прво околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ф.(21) и Е.Ф.(44), од една страна и Б.Б.(38) и И.Б.(43) од друга страна, сите од Скопје.
Во 15.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода А.К.(31), М.К.(19), Д.К.(52), М.К.(22) и М.К.(58), сите од Скопје, затоа што околу 11 часот на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени остар предмет и тврди предмети, а оштетени биле и прозорци од куќа и од патничко возило.
Во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, З.С.(64), Т.Д.(54), М.С.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.М.(28) и Б.М.(51) од една страна и И.С.(38) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, К.С.(35) од Скопје пријавила дека била физички нападната од Б.М..
Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.