Skip to main content

Вчера фатени 218 возачи за брзо возење

МВР архива

Во засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера полициските службеници издале вкупно 707 платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.

Од МВР денеска соопштија дека во рамки на оваа бројка, за неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, биле регистрирани 225, односно 218 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола биле регистрирани 59 возачи, додека 26 учесници во сообраќајот биле санкционирани за неносење сигурносен појас.

Седум возачи на мотоцикл биле санкционирани за неносење на заштитна кацига, а изречени биле 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

По основ пак на Законот за возила, 17 возила биле отстранети од сообраќај и тоа три заради техничка неисправност, а 14 возила биле отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.



Поврзани вести