
Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне денекска, а увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од Обвинителство.
По наредба на јавниот обвинител, како што посочуваат од Обвинителство, екипи на СВР Скопје вчера излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.